МНР: Бучковски во Софија, да се искористат сите можности за изнаоѓање решение за разликите
Специјалниот претставник за дијалогот со Бугарија Владо Бучковски, денеска е во посета на Софија, каде што е планирано да оствари средба со претставниците на Република Бугарија на повеќе нивоа, соопшти МНР.
–Министерството за надворешни работи и Владата на Македонија остануваат на позицијата дека треба да се искористат сите можности за изнаоѓање соодветно, взаемно решение за билатералните разлики по различни прашања со соседна Бугарија, како и за враќање на довербата во ефикасноста и успешноста на Договорот за пријателство од 2017 година, стои во соопштението.
При крајот на годината, потсетува Министерството, е доставен Акциски план за имплементација на Договорот за пријателство од 2017 година, за што во разговор меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Екатерина Захариева беше договорено да бидат разменети забелешки, мислења и соодветни предлози.
-Во оваа насока во претстојниот период ќе имаме конструктивен придонес преку нашиот специјален претставник, а истото го очекуваме и од бугарска страна, како можен единствен како единствен можен начин до изнаоѓање решение, наведува Министерството во соопштение.
Како што претходно објавија бугарските медиуми, посетата на Бучковски на Софија ќе трае неколку дена. Бучковски беше во посета на Софија на почетокот на декември. Тогаш тој имаше средби со Захариева, премиерот Бојко Борисов и со министерот за одбрана Красимир Каракачанов.
Османи вчера во интеврвју за Радио Слободна Европа порача дека не можеме да ги гледаме соседите со истите очила од минатото и додаде дека единственото решение и формула за Бугарија е да се вратиме на начелото на Договорот, но и да се најдат механизми како да се направи побрз, подинамичен за да се создадат резултати.
Според него, спорни се разликите во очекувањата за брзината на имплементацијата, за динамиката, за целта на имплементацијата на Договорот.
Ново на Сител
-
Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-
Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-
Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-
Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-
На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок