Мнозинството пратеници од ЦДУ бараат „Берлински ѕид“ на границата
Германскиот канцелар Ангела Меркел може да се соочи со остар отпор од членовите на нејзината партија, поради политиката на отворени врати за бегалците, откако мнозинство од пратениците од Христијанско демократската унија (ЦДУ) презедоа парламентарна иницијатива за поставување на заштита налик на „Берлинскиот ѕид“ на границата на Германија.
Деталите за т.н. таен план на демохристијаните за стопирање на приливот на бегалци од по десет илјади мигранти кои секој ден влегуваат во Германија беа објавени во германскиот весник „Билд“, според кој иницијативата била поддржана од 188 од вкупно 310-те пратеници на партијата на Меркел во Парламентот.
Предлозите вклучуваат изградба на огради од бодликава жица долж источната граница на Германија. Досега Меркел ги офрлаше сите барања за нови огради по границата.
- Треба да го спречиме приливот од бегалци. Не треба да има забрани за преоценување на нашите погранични објекти, изјави за „Билд“ пратеникот Кристијан фон Штетен, автор на предлогот.
Тој додаде дека предлогот на дневен рен на гласање ќе биде ставен за две недели.
Штетен изрази увереност дека Владата на Меркел ќе изработи ефикасен план за стопирање на бегалскиот бран во Германија, но предупреди дека доколку овие очекувања на бидат исполнети следните недели, неговата парламентарна група ќе биде принудена да реагира.
Ново на Сител
-
Матарела во велигденската порака: Велигден нека биде поттик за дијалог, единство и утеха
-
Министерство за одбрана на Русија: Украинските сили го прекршија велигденското примирје
-
Сеул и Вашингтон идната недела ќе разговараат за трговските царини воведени од Трамп
-
Митрополит Петар: Велигден е живо присуство на Божјата сила која секогаш е со нас
-
Четворица фудбалери на ФК Гостивар приведенни за напад на полицајци по мечот со Струга
-
Пукање пред хотел во Берлин, едно лице е повредено
-
Со украден автомобил возел под дејство на алкохол, па излетал од патот - приведен неготинец
-
Возел под дејство на алкохол, приведен кавадарчанец