Балкан
1. February 2017 - 15:07

Многу ја сака: Претседателот на општина си ја вработи љубовницата во кабинетот

Претседателот на општина Александровац Југослав Стајковац ја именувал својата долгогодишна љубовница од Крушевац Јасмина Мијајловиќ за свој помошник за земјоделство и екологија.

Додека граѓаните и политичките партии на Жупа на секој чекор ја осудуваат неговата постапка, од кабинетот изјавија дека немаат што да коментираат на таа тема.

Стајковац како свој трет помошник ја именувал Мијајловиќ од 1. јануари годинава, за што предвидел и плата од околу 70.000 динари според буџетот на општината за 2017 година, кој е усвоен кон крајот на декември минатата година.

Освен плата, од првиот ден на службувањето во Александровац, Мијајловиќ ужива и привилегии кои ги има и претседателот на општината, односно нејзниниот емотивен партнер.

Jasmina Mijajlović

Секојдневно на трошок на граѓаните на Жупа од Крушевац до Александровац ја носи и ја враќа службениот автомобил на претседателот на општината, кој во двата правци минува повеќе од 70 километри.