-->
-->
Многу едноставно: Еве како да ја отстраните секоја гребнатина на мобилниот телефон
-->

Заштитната фолија го штити секој паметен телефон од грабаници, флеки и разни видови на оштетувања, но доколку ја немате, тогаш прочитајте неколку совети со чија помош ќе можете да го заштитите екранот на вашиот телефон.
ПАСТА ЗА ЗАБИ
Ставете малку паста за заби (со големина на зрно грашок) на мека површина, по можност памучна крпа и со кружни движења, без премногу притисок, преминете преку местата на кои се појавиле ситни гребаници. Доколку гребаниците не сте успеале да ги отстраните, повторете ја постапката. Откако ќе ја завршите процедурата, исчистете го дисплејот со влажна крпа и отстранете го вишокот паста.
ПАСТА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛСКИ ГРЕБАНИЦИ
Оваа паста можете да ја набавите во било која продавница за авто-козметика. Не се скапи, а лесно се нанесуваат (со мека крпа) на дисплејот на телефонот. Исто така, со помош на кружни движења обидете се да ја намалите длабочината и бројот на гребаници.
СОДА БИКАРБОНА
Помешајте сода бикарбона во вода во размер: две третини сода бикарбона и една третина вода. Мешајте додека не се формира густа паста. Со мека крпа нанесете малку на дисплејот на телефонот и повторно со кружни движења поминувајте преку гребаниците. Вишокот паста отстранете го со влажна крпа и исполирајте го дисплејот.
ПУДРА ЗА БЕБЕ
Функционира на ист начин како и сода бикарбоната, но е понежна со што нејзиното користење посебно се препорачува за површнските гребаници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коперникус: Август 2025 е третиот најтопол месец досега
-
ЦУК: Активни пожари во Липково и во Студеничани, 29 изгаснати
-
Во ЕП дискусија за употребата на сила против српските демонстранти и за демократијата во Србија
-
Администрацијата на Трамп започна со апсења на имигранти во Чикаго
-
СОЗР ќе информира за новите таблички за службени возила, чиј рок за замена е до 15 септември
-
Две комисии ќе заседаваат во Собранието
-
Сончево и ветер од јужен правец
-
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија