ММФ предупредува на тешки последици од излегувањето на Британија од ЕУ
Излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе предизвика огромна штета во регионот и во светот- предупреди денеска Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) во својата најнова прогноза.
Во прогнозата на ММФ се вели дека Брегзит може да ги поремети веќе воспоставените трговски односи и да создаде дополнителни „големи предизвици„ за Велика Британија, но и за остатокот од Европа.
ММФ предупредува дека референдумот, закажан за 23 јуни, веќе има создадено неизвеност во инвестирањето, додека евентуалното изгласување за напуштање на Унијата, само ќе ги влоши состојбите.
Активистите од кампањата за излегување од ЕУ, во најголем број евроскептици од владеачките конзерватвци, како и од антиевропската Партија за независност на Обединетото Кралство, ги отфрлаат прогнозите и предупредувањето на ММФ, дисквалификувајќи ги неговите позиции како „ставови на кои не би требало да им се верува„.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, во првата реакција, меѓутоа, се согласува со оцемките на ММФ.
„Фондот е во право, затоа што напуштањето на ЕУ претставува голем ризик за Британија.Ние сме посилни, побезедни и подобри кога сме дел од Унијата„- напиша Камерон на својата страница на Твитер.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Задолжувањето не е кинеско, ако ви пречи Кина зошто потпишавте договор со нив?
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка