ММФ одобри финансиски пакет од 15,6 милијарди долари за Украина
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри четиригодишен финансиски пакет за Украина во износ од 15,6 милијарди долари како дел од меѓународниот пакет за поддршка во вкупна вредност од 115 милијарди долари во втората година од руската инвазија, соопшти ММФ.
„Одлуката се очекува да мобилизира големо концесиско финансирање од меѓународните донатори и партнери на Украина за да помогне во решавањето на проблемот со платниот биланс на Украина, да се постигне среднорочна надворешна одржливост и да се врати одржливоста на долгот“, се наведува во соопштението.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер ја поздрави одлуката на ММФ.
„Тоа е голема помош во нашата борба против руската агресија. Заедно ќе ја поддржиме украинската економија. Одиме кон победа“, напиша тој.
Финансискиот пакет од 115 милијарди долари вклучува заем од ММФ, 80 милијарди долари помош и заеми од други земји и простување долгови до 20 милијарди долари.
Ново на Сител
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
-

Тема на денот со Александар Камбовски, претседател на Судски совет
-

Алиу со работна група се вклучува во случајот со извоз на мозочно ткиво во САД
-

Судски истражува предмети кои ги работел судијата Ристов
-

За еден ден 58 одземени дозволи
-

Камионџиите можеби ќе бидат изземени од новиот електронски систем за влез и излез од ЕУ
-

По завршување на огласот Владата ја продолжува постапката за избор на државен јавен обвинител
-

ЕУ ја пролонгира примената на EES системот до септември
