Младост ЦД се откажа од Втората лига
Екипата на Младост Царев Двор која минатата сезона играше во Првата македонска фудбалска лига, се откажа од настап во новата сезона 2016/2017 во Втората лига, откако и дефинитивно не ја плати неопходната лиценца.
Сега на потег е Комитетот за итност на ФФМ, кој наредниве денови ќе одлучува дали Втората лига во новата сезона ќе се игра со девет клубови, или, пак, дополнително ќе биде вметнат нов клуб со платена лиценца.
Второлигашите ќе играат трокружен систем натпревари со по девет кола, или вкупно 27 натпреварувачки рунди.
Двојките за 1.коло се:
Маталург – Тетекс
Вардар Неготино – Академија Пандев
Љубанци Кавадарци – Скопје
Хоризонт Т. – Велазерими
Екипата на Еуромилк ГЛ ќе биде словодна или ќе го очекува тимот кој ќе добие статус на нови второлигаш.
Второлигашите сезоната ќе ја започнат 13 август.
Ново на Сител
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“
-
Почна академската учебна година
-
Филипче: Се потешко се живее
-
Мицкоски: Албанците се иселуваат поради политиките на ДУИ
-
Шукова: Скопје ќе биде зелен град
-
Ѓорѓиевски: Нова сообраќајна инфраструктура во Скопје
-
Полицијата во акција против дилерите на дрога