Младите во Струмица добија нов центар
Сутеренот во општинската зграда во Струмица стана младински центар со што младите од оваа општина за прв пат добија и свој простор. Младинскиот центар има површина од 400 метри квадратни, располага со современи и функционални простории и амфитеатар и треба да биде место каде што младите ќе можат да се собираат и да ги реализираат своите идеи и иницијативи.
Во центарот кој е најголем во државата, општината од сопствениот буџет инвестираше 7 милиони и 200 000 денари.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт и владиниот советник за млади Мојскоски и Тасев очекуваат примерот на Струмица да го следат и останатите општини во државата бидејќи тоа е нивна законска обврска.
Младите задоволни од реализацијата на проектот, сметаат дека новиот центар нуди многу можности за нив и затоа треба максимално да го користат просторот.
Младинските центри како сервис на младите се дефинирани со донесувањето на законот за младинско учество и младински политики во јануари 2020 та година. Согласно овој закон сите општини имаат обврска до крајот на 2024 година да овозможат функционирање на најмалку еден младински центар.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар