Македонија
9. May 2025 - 12:45
Младите се помалку се обучуваат за спасители на вода
Од година во година, се помал е одзивот кај младите да се обучуваат за спасители на отворени води во Охрид. Загрижувачко е и тоа што се послаб е интересот кај стопанствениците на плажите за ангажирање на спасители на капалиштата и покрај бројните интревенции на крајот од речиси секоја туристичка сезона.
Од Црвениот крст алармираат и на бројни лажни дојави за пожари на плажите од страна на несовесни граѓани.
Обуките за спасители кои се изведуваат во мај и јуни се по сите меѓународни стандарди за безбедност на вода, чии лиценци и акредитации за работа се валидни насекаде во светот.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->