-->
-->
Младите се наметнаа со победа против Грузија
-->
Македонската ракометна репрезентација со 25:21 (12:12) ја победи Грузија во првиот од двата пријателски мечеви во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Ова е трет позитивен резултат за подмладениот тим на селекторот Данило Брестовац, по победата над Турција и ремито со Италија, а утре на програмата (16.00 часот) е втор дуел со репрезентацијата на Грузија.
Капитенот Кирил Лазаров беше присутен на мечот, но остана на клупата, додека своја шанса добија Манасков, Кузмановски, Талески и Пешевски. Македонија имаше одличен старт на мечот за водство од 7:2, но до крајот на првото полувреме, цврстите Грузијци успеаја да стигнат до 12:12.
Во второто полувреме, Македонија успеа да се одвои на +2, и на крајот на мечот да стигне до конечните 25:21. Пешевски, Велковски и Поповски го завршија мечот со по четири гола, додека Борко Ристовски имаше 15 одбрани на голот.
Фото: РФМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Идризи за Сител: Не го направив намерно, случајот се политизира
-
Тема на денот со безбедносно-политичкиот аналитичар Милан Стефаноски
-
Со лажни фактури за поврат на ДДВ, државниот буџет олеснет за 90 милиони евра
-
30 дневен притвор за сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Мицкоски: Ако извештајот повторно не се изгласа, проблем не се Бугарите во Уставот, туку македонскиот идентитет
-
Мицкоски: Новиот Клинички центар ќе биде поевтин од оној што го промовираше претходната Влада
-
Клиниката за хируршки болести доби донација од специјални колички - Најавена донација за Ургентен центар
-
АХВ уништи 56 тони небезбедна храна годинава