Македонија
9. April 2016 - 16:43
Младите од Тетово бараат обновување на спортскиот центар
Жители на Тетово поведуваат граѓанска иницијатива со цел реконструкција на руинираниот спортски центар во градот. Се надеваат дека општината ќе преземе мерки.
Градоначалничката Теута Арифи, која денес беше на градскиот стадион каде по една година обнова на теренот ќе може да се играат натпревари најави ангажирање од страна на општината и за спортскиот центар.
Спортскиот центар од 2004 година го раководи концесионер.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
