Младите од Црвен крст Неготино обезбедија нафта за Дневниот центар за лица со попреченост
Младите волонтери од Црвен крст преку проект обезбедија дел од нафтата неопходна за функционирање на Дневниот центар за лица со попреченост „Порака” Неготино.
Валентина Тасева, раководител во Центарот, за МИА рече дека младите хуманитарци го препознале талентот на лицата со попреченост и одлучиле да се истакнат нивните способности преку проект со мото „Ние ќе го изработиме беџот ваш, вие стоплете го домот наш”.
Во хуманата мисија се вклучиле и учениците од Основното општинско училиште ,,Гоце Делчев”.
-Корисниците изработуваа беџови по желба на основците. Беџовите беа продадени од страна на волонтерите на Црвен крст, а со собраните средства се набави нафта за затоплување, за да не дојде до прекин со активностите во работилниците во Центарот, нагласи Тасева, заблагодарувајќи се на поддршката и изразувајќи надеж дека и другите училишта ќе покажат интерес за вакво нешто.
Дел од лицата со попреченост секојдневно по осум часови поминуваат во Дневниот центар и тука се вклучени во голем број на работилници. Креативна, за шиење и везење, едукативна, компјутерска, драмска, играорна и други, се со цел стекнување на навики за поголема самостојност во нивните домови, работно ангажирање и осамостојување, инклузија во општеството и самоодржување.
Секретарот на Општинската организација на Црвен крст, Тоше Настов рече дека поддршката кон овие лица треба да биде постојана, а тоа, посочи, всушност и го прават, со активности преку целата година. Тој најави вакви и слични проекти и во иднина.
Ново на Сител
-
Кинеската војска започна нови вежби во близина на Тајван
-
Состојба на патиштата
-
Потопло со мала до умерена локална облачност
-
Уште еден посилен земјотрес регистриран вечерва кај Врање
-
Македонската репрезентација ја совлада Ерменија и обезбеди пласман во Б дивизијата во Лигата на нации
-
Мајката на едно од убиените деца во „Рибникар“: Момчето-убиец имаше безизразно лице, како возрасните не го забележаа тоа?
-
Малолетник нападнат на автобуска постојка на Бит Пазар
-
Кривична пријава против едно лице за предизвикување опасност за животот и здравјето на луѓето