-->
-->
Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул
-->

РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО ИСТАНБУЛ
Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде во текот на оваа седмица ќе одиграат по четири пријателски натпревари.
Младинските репрезентативци ќе го искористат искуството стекнато во српската престолнина изминатата недела како и од тековната во Турција за предизвиците кои им претстојат за летниот период. Кадетите ќе земат учество на Европското првенство за кошаркари до 16 години (дивизија Б) што во периодот од 9. до 18. август ќе се одигра во Сараево, Босна и Херцеговина додека генерацијата до 15 години ќе продолжи со активностите во рамки на проектот за развој на млади кошаркари насловен „Заедно до U16“.
Противници на нашите млади надежи на претстојниот турнир ќе им бидат врсниците од Галатасарај, Анадолу Ефес, Дарушафака и Истанбул ББ.
РАСПОРЕД
Понеделник 15. јануари, 2018 година
М16: Македонија - Галатасарај 18:30
М15: Македонија - Галатасарај 20:00
Вторник 16. јануари, 2018 година
М16: Македонија - Анадолу Ефес 19:00
М15: Македонија - Анадолу Ефес 20:30
СРЕДА СЛОБОДЕН ДЕН
Четврток 18. јануари, 2018 година
М16: Македонија - Дарушафака 18:30
М15: Македонија - Дарушафака 20:00
Петок 19. јануари, 2018 година
М16: Македонија - Истанбул ББ 15:00
М15: Македонија - Истанбул ББ 17:00
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Србија во крајот на јуни најавени големи митинзи на владејачката СНС
-

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 25 степени
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
