-->
-->
Младите македонски кошаркари ја „демолираа„ Ерменија со 36 поени разлика
-->
Младата кошаркарска репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа на Европското првенство, што се одржува во Унгарија.
Нашите млади кошаркари, славеа убедлива победа над Ерменија со 36 поени разлика, односно, 81:45 во рамките од Б дивизија на Европското првенство за играчи до 20-години.
Капитенот Андреј Магдевски уште еднаш ја потврди својата лидерска улога, а средбата ја заврши со фантастични 30 поени на кои придодаде по 6 скокови и асистенции. Љубомир Младеновски покрај 22 поени имаше и 8 скокови, а двоцифрен број на поени имаше и Мартин Шалев (10).
Ова беше натпревар од 2.коло на групата Ц, во која попладнево ќе играат Белорусија и Швајцарија, селекција со која Македонија ќе се сретне во понеделник во дуел од последното коло на првата фаза.
Со победата над Ерменија, нашите кошаркари го осигураа својот пласман во следната рунда во која ќе се борат со двете првопласирани селекции од Д групата, во која за можни противници ќе ги имаат селекциите на домаќинот Унгарија, Шведска, Словачка, Молдавија или Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Превентивна активност за заштита од екстремни температури на скијачкиот центар „Михајлово“
-
Дуда бара гаранции дека Нетанјаху нема да биде уапсен доколку го посети Аушвиц
-
Мемеди: Зголемен бројот на дечиња со респираторни инфекции во Детската клиника
-
Приведен 31-годишник од Криволак за агресивен однос кон лица од Шумска полиција
-
Бајден ја откажа посетата на Италија поради катастрофалните пожари во Калифорнија
-
Отстранети 50 кубни метри отпад од диви депонии
-
Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилство
-
Студен бран со дожд и снег