Младите крушевчани учествуваа на настанот „Говориме различно, танцуваме исто“

На градскиот плоштад во Крушево 50-тина деца од различна етничка и верска припадност синоќа учествуваа на настанот „Говориме различно, танцуваме исто“ во рамките на фондот „Градиме мостови“.
Под раководство на инструкторката Олгица Николовска од Битола, децата покажаа дека музиката и играта не спојува сите. Пред присутната публика младите играа зумба и прочитаа пораки за мир, пријателство и соживот од Тоше Проески на трите официјални јазици во Општина Крушево: македонски, албански и влашки.
Настанот се одржа во организација на ООУ „Никола Карев“ од Крушево, Здружението на граѓани „Академик“ и Општина Крушево. Финансиски беше поддржан од фондот „Градиме мостови“, кој е заеднички проект на Министерството за образование и наука, амбасадите на Швајцарија и Холандија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
