Кошарка
12. May 2016 - 15:42

Младите кошаркари на Вардар ја освоија шампионската титула

 
 
 
Екипата на Вардар е освојувач на шампионската титула во кошаркарското првенството на Македонија до 20 години. 
 
Младите кошаркари на Вардар по трет пат во финалната серија го совладаа големиот ривал Карпош Соколи со 66-62 и со максимални 3-0 во победи стигнаа до шампионската титула. 
 
Црвено-црните  без ниту еден пораз во плејофот во полуфиналето против МЗТ Скопје и во финалето со Карпош Соколи заслужено го освоија шампионскиот пехар во првенството до 20години.
 
Вардар доминираше и во регуланиот дел од шампионатот и во 18 одиграни кола загуби само две средби.