-->
-->
Младите кошаркари на Феникс 2010 со настап во европско Супер-финале
-->

Скопската екипа КК Феникс 2010 со својата селекција на млади кошаркари родени 2001 година, денеска ги започнува натпреварите во младинската европска лига, односно завршниот „Супер-фајнал’’ турнир што се одржува во литванскиот град Клаипеда.
До овој настап на завршницата во европската младинска лига за играчи до 15 години, КК Феникс 2010 се пласира по двата квалификциски турнири во ценрално-европската зона во кои оствари седум победи на осум одиграни натпревари.
Иако, самиот настап во супер-финалето е голем успех, сепак младите „Феникси’’ нема да патуваат во Клаипеда со бело знаме, изјави тренерот на екипата Денис дервишевиќ додавајќи – „Тука сме да се надигруваат и да освојат што е можно подобар пласман. Знаеме дека ќе биде тешко, но овие млади момчиња убеден сум дека ќе го дадат максимумот да да се искачат едно скалило погоре’’.
А, прв противник на Феникс 2010 во силната конкуренција ќе биде екипа Аудентес, од Талин, против која ќе играат во осминафиналната рунда. Покрај естонската екипа на турнирот ќе настапуваат и екипи од Литванија, Унгарија, Чешка, а Русија ќе биде застапена со големите кошаркарски имиња ЦСКА и Динамо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
