Свет
5. јуни 2018 - 20:44

Младите џихадисти имале комплетна обука: Во Сирија откриен воен камп направен специјално за деца

Во Сирија е откриен логор за обука на деца џихадисти во областа Хама, познати како „млади лавови на Калифатот“.

Извор од сириската војска тврди дека единица на владините сили открила логор за деца кои ги регрутирала исламската држава.

„Младите лавови на калифатот“, е воена база за обука на млади терористи, и е пронајдена во источната провинција Хама. На влезот во базата се пронајдени оштетени оклопни возила Хамви.

Според воен извор, кампот имал се што е неопходно за воена обука, патеки со препреки, борбени полигони и училниици.

Претходно во Јужен Дамаск е откриен сличен детски камп за обука, откако сириската војак го ослободи палестинскиот логор Јармука од милитантите.