Свет
24. March 2016 - 11:54

Младиот Мејсон ги преживеал терористичките напади во Бостон, Париз и Брисел

Мејсон Велс бил повреден во експлозија на бомба на аеродромот во Брисел, минатата година бил во Париз кога терористите убија 130 луѓе, а преживеал и експлозија на Бостонскиот маратон.

Мисионер во мормонска црква, Мејсон Велс (19) пред некој ден во Брисел го преживеал третиот терористички напад. Велс бил повреден во експлозија на бомба на аеродромот. Додека минатата година терористите убиваа луѓе низ улиците во Париз и Мејсон бил во близина, а за време на нападите на бостонскиот маратон бил на една улица подалеку од експлозијата.
 
- Ова му е трет терористички напад, - рекол таткото на момчето за ABC News.
 
- Живееме во опасен свет и не се сите добри и полни со љубов - додал тој.
 
Неговата мајка Кимберли, која се натпреварувала на маратон, изјавила дека Велс сето тоа мирно го поднел.
Момчето моментално се наоѓа во болница, а лекарите очекувале целосно закрепнување. Му пукнала Ахиловата тетица, има неколку повреди од шрапнел и изгореници од втор и трет степен по лицето и рацете.
 
Мејсон останал мирен и во овој напад, иако бил во близина на бомбата, велат неговите родители. Иако бил повреден и крварел, го задржал смисолот за хумор.