-->
-->
Младински турнир во шах во Гази Баба
-->
Во ООУ „Наум Наумовски – Борче" во скопската населба Маџари во изминатите два дена се одржа младински шаховски турнир на кој учествуваа 106 млади шахисти од земјава поделени во три категории.
На тунирот до 8 години победи Кирил Николовски со 9 победи од 9 партии, пред Либерт Муча кој освои 8 поени од 9 партии, а третото место го освои Илир Деваја Арифи. На турнирот до 10 години најуспешен беше Филип Цветковски со 8 од 9, додека со 7,5 од 9 на второто и третотот место се пласираа Никола Павковски и Михаил Николовски.
На ОПЕН турнирот кој се рејтингуваше, учествуваа 74 шахисти. Првото место со 8 поени од 9 партии го поделија Птоломеј Петар Стојанов и Емил Ристески, а тртото место Андреј Велјаноски и Лазар Петровиќ.
Турнирот беше организиран по повод патрониот празник на ООУ Наум Наумовски - Борче во соработка со општина Гази Баба и Шаховската федерација на Македонија. Учествуваа шахисти од скоро сите шаховски школи во Македонија и тоа Гамбит Ассеко СЕЕ, Алкалоид, Јахја Кемал јуниор, Ласкер Охрид, Кочани и домаќинот ООУ „Наум Наумовски - Борче".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи