Младенов: Отфрлениот план од Нетанјаху за Газа е „единствениот пат по кој треба да се оди“

Американскиот план за Газа што беше отфрлен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, е „единствениот пат по кој треба да се оди“ за да се спречи повторување на напад сличен на оној од 7 октомври 2023 година, изјави денеска Николај Младенов, кој е висок претставник за Газа во Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Опцијата што ја предлагаме денес е единствениот пат по кој треба да се оди за да се гарантира дека таа трагедија нема да се повтори“, изјави поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија во интервју за израелската телевизија „Канал 12“.
Нетанјаху претходно изјави дека Израел го отфрла документот од 15 точки, што Советот за мир на Трамп го претстави на крајот на јули.
„Израел го отфрла документот од 15 точки. Нема да има никакво повлекување на израелската армија се додека Хамас не биде вистински разоружен“, изјави Нетанјаху на седница на израелската Влада.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
