Младенов: Израел ја мина „тенката црвена линија“
Новиот израелски закон што овозможува ретроактивна легализација на околу 4.000 куќи на еврејски доселеници, изградени на приватна сопственост на Палестинци, ја минува „тенката црвена линија“, изјави денеска претставникот на ОН за Блискиот исток, Николај Младенов, и додаде дека овој закон претставува „многу сериозен преседан“, пренесуваат француските медиуми.
-Ова е првпат Кнесетот (израелскиот Парламент) да легализира окупирана палестинска земја, посебно кога станува збор за приватен имот. Тоа ја минува многу тенката црвена линија, рече Младенов.
Според него, законот ја отвора можноста за целосно припојување на Западниот брег, со што се поткопува „дводржавното решение“ и додаде дека со усвојување на законот расте и можноста Израел да биде изведена пред Меѓународниот суд на правдата, на што предупредуваше и израелското државно обвинителство.
Истовремено, Младенов повика и на силна меѓународна осуда на легализацијата, но одби да ги критикува САД откако администрацијата на Доналд Трамп одби да го коментара тоа.
-Очигледно ни требаат консултации, тоа е, сепак, нова администрација која допрва почнува со работа и ќе и треба и време и простор да ја утврди својата политика, рече Младенов.
Израел синоќа го усвои законот за ретроактивна легализација на околу 4.000 куќи на еврејски доселеници изградени на приватна сопственост на Палестинци, чие најавување предизвика загриженост на меѓународната заедница и гнев кај Палестинците.
Очекувањата се дека законот ќе биде оспорен пред Врховниот суд на Израел, како и дека може да наиде на бројни правни пречки.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот