Младенци од Скопје наместо цвеќе побарале од гостите да донесат училишен прибор, па го донирале
Младенците Елена и Стојан Спасевски донираа 30 пакети школски прибор во Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба во Скопје, собрани на нивната свадбена веселба. Заедничката идеја за овој потфат се должи на нивната хуманост и искуството што го стекнале како гости на други свадби.
„Изминативе години бевме поканети на неколку свадби каде традиционално носевме и букет цвеќе. Младоженците добиваа многу цвеќе и често пати го поклонуваа на нас гостите. Понекогаш се случуваше да го добиеме букетот кој ние сме го подариле. Тоа нè поттикна на нашата свадба да ја промениме оваа традиција“, велат младенците Спасевски.
Тие ги замолиле нивните гости, место цвеќе да донесат училиштен прибор, кој е потребен на многу повеќедетни семејства. „Бидејќи нашата свадбена веселба е многу блиску до почетокот на учебната година, донесовме одлука дека школски прибор за првачиња е најдобар начин да направиме барем малку дечиња среќни на првиот школски ден. На нашите гости им се допадна идејата и бевме среќни што тие се приклучија на оваа хумана иницијатива, овозможувајќи ни да подготвиме богати пакетчиња“, објаснуваат брачниот пар Спасевски.
Спасевски апелираат до сите млади кои планираат свадба да ја „украдат“ нивната идеја и да направат слични акции од добротворен карактер. Според нив, овој хуман гест ќе ги поттикне младите да помагаат секому кому му е потребна помош, особено на децата, независно дали тоа е во училиште, надвор или дома.
„Сакаме да изразиме огромна благодарност до гостите од нашата свадбена веселба кои се вклучија во остварување на иницијативата, како и до Општинската организација на Црвениот Крст Гази Баба кои помогнаа да го дистрибуираме приборот до децата на кои им е најмногу потребен. Покрај приборот што го донесоа гостите, сакавме дел од донација да биде лично наша и купивме прибор кој недостасуваше за да направивме 30 пакетчиња со целосен школски прибор“, велат Елена и Стојан Спасевски.
Здравко Георгиевски, секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација на Црвениот крст Гази Баба, им го честита бракот на младите и посакува многу здравје, среќа и убави и весели моменти, изразувајќи голема благодарност за идејата. „Ова треба да биде пример за идните брачни парови. Помагањето покажува колку е развиена свеста за помош на социјалните семејства. Овој пример треба да го следиме, затоа што во исто време, на децата што ќе го добијат подарокот, треба да им се покаже дека и покрај сите тешки моменти, постојат луѓе што мислат на нив“, вели Георгиевски.
Ново на Сител
-
Ќерката на загинатиот скопјанец: Се зацрни уште една фамилија, дали ќе има крај на ова
-
Го прегазил на пешачка со мотор и избегал, детали за сообраќајката во која скопјанец загина на кеј кај „Жабар“
-
Најмалку 51 лице загинаа во монсунските дождови во Индија, 22 се водат како исчезнати
-
Две лица починаа поради топлотниот бран во Франција
-
Битолчанка лажно се претставила како вработена во МВР и измамила сограѓанин за 22 500 евра
-
Турските власти запленија 825 килограми хероин во операција во Адана
-
Без вода неколку улици во Скопје поради дефект
-
Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско