Младата Месечина настапува на 6 јануари: Раковите ќе влезат во брак, Рибите ќе бидат среќни…
Ова е позитивна млада Месечина, каде се наоѓа фиксната ѕвезда Вега која е една од најсветлите и најсреќните ѕвезди.
Нептун во Риби е позитивно наклонет за оние кои сакаат да започнат свој бизнис. Исто така, идеален период е и за сите уметнички постигнувања и креативна работа. Сатурн носи мала финансиска независност и големо задоволство под услов да бидете сериозни во она што го правите.
Генерално гледано, на многу луѓе ќе им се исполнат соништата. Работите за кои досега сте сонувале, полека стануваат реалност.
Овен
Кај Овните сите работи се насочени кон кариерата, така што што и да замислат ќе имаат можност, тоа и да го остварат. Треба да ја избегнувате брзоплетоста и кавгите со соработниците, а можно е и во некои конфликти да бидат вмешани и родителите. Бидете внимателни.
Бик
Кај Биковите, сите работи ќе бидат насочени кон духовноста, патувањата, религијата и новите знаења. Многу Бикови ќе одат на патување, ќе се заљубат и ќе ја обноват комуникацијата со луѓе кои им значат.
Близнаци
Кај Близнаците, многу работи се насочени кон осмото поле на финансии и трансформација. Голем дел од претставниците на овој знак ќе доживеат внатрешна моќ која треба да ја насочат кон нешто. Освен тоа, ќе бидат и многу борбени и ќе исполнат многу од своите очекувања и надежи.
Рак
Кај Раковите, младата Месечина е во знак на љубовта. Ќе бидете исполнети, задоволни и ареќни, а многу Ракови ќе влезат и во брак со поддршка на Сатурн. Тоа ќе биде убава љубовна приказна.
Лав
За Лавовите, работите ќе се случуваат во шестото поле на работата, здравјето и обврските. Секако, тоа е одлично за почнување нова работа. Ако не вежбате, сега е време да го почнете тоа.
Девица
Кај Девиците, младата Месечина настапува во петтото поле на децата, љубовта, креативноста, па тука Девиците ќе имаат многу среќа. Ако играте игри на среќа, можни се големи добивки. Некои надежи и желби ќе тргнат во одлична насока.
Вага
За Вагите, ова е период на семејството и родителите. Некои Ваги ќе започнат брачна заедница или ќе почнат да планираат принова. Интуицијата ви е многу нагласена, па тоа ќе ве води во правилна насока. Потрудете се да не додавате масло на огнот ако сте нервозни и луди. Опуштете се покрај луѓето кои ги сакате.
Шкорпија
За Шкорпиите, работите ќе се случуваат во полето на комуникација, роднински односи и патувања. Сега е одлично време да стапите во контакт со некои личности за да соберете информации кои ви се важни. Но, бидете внимателни како комуницирате.
Стрелец
За Стрелците, младата Месечина доаѓа на полето на финансии па така досегашниот труд може да биде многу исплатлив. Многу Стрелци кои ќе започнат со бизнис, ќе имаат голем успех, на долг рок.
Јарец
Кај Јарците, младата Месечина престојува во првата куќа на физичкото и ментално здравје, па ако сте планирале промена во таа насока или да се ослободите од некој од вашите пороци, сега е вистинско време за тоа. многу Јарци ќе влезат во врска во овој период.
Водолија
За Водолиите, најважните работи се случуваат во дванаесеттата куќа на мудрост, искуство и таленти. Нивната интуиција е нагласена и ќе ги води низ преиспитување на смислата на животот и тоа како се поставуваат кон другите луѓе.
Риби
Кај Рибите владеат сјајни аспекти, така што тие ќе бидат среќни и помалку нервозни. Некои желби, надежи и очекувања ќе ги израдуваат и ќе ги претворат во јаве.
Ново на Сител
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
-

Приведени четири украинки во полициска акција во тетовско, престојувале спротивно на целта
