Млад велешанец преживеа откако се фрли од зграда, префрлен на скопските клиники
Тешко повредениот велешанец Бојан Кимов, кој денеска околу 10:20 часот падна од трети кат на зграда во Велес по укажаната прва помош поради тешките повреди е префрлен на понатамошно лекување во Скопскиот клинички центар.
Како што информира за МИА, д-р Ниметула Лимани тешко повредениот 30-годишен маж кај нив бил донесен со многу повреди по целото тело и скршеници по сите коски, на главата.
- Кај повредениот констатиравме повеќе повреди. Веднаш го саниравме тоа што беше најитно, односно направена е тампонажа на носот кој обилно крвареше, а повредите на телото се имобилизирани, односно на левата подлактица и на десното колено и преврзани се сите рани по телото. Поради сериозноста на повредите со возило на Брза помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде итно му е направено снимање со томографија за точно да се утврдат сите повреди на настраданиот, рече д-р Лимани.
Инаку, како што не информира д-р Лимани повредениот бил свесен и им кажал дека самиот се фрлил од третиот кат во зградата.
Ново на Сител
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?