Македонија
18. September 2019 - 10:54

Млад Скопјанец тешко повреден, со мотоцикл падна во Вардар

Синоќа во 20.30 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Близнаци“, М.М.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „БМВ“, изгубил контрола и паднал во реката.

М.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.