-->
-->
Млад прилепчанец итно пренесен на скопските клиники
-->
Во полиција вчера во 02:40 часот било пријавено дека во Прилеп на крстосницата од улицата „Кузман Јосифоски“ и улицата „Егејска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со бугарски национални ознаки управувано од Р.Т.(41) од Прилеп и патничко моторно возило “Пежо“ со прилепски регистерски таблици управувано од В.В. (28) од Прилеп.
Од незгодата, В.В. се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во Општата болница во Прилеп поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство