Живот
9. October 2017 - 11:27

Млад пар жестоко им одговори на соседите кои им замерија за прегласниот секс

Откако од соседите добиле порака во која им објасниле дека им пречи нивниот прегласен секс, млад пар од Далмација одлучил на соседите во зградата да и прати порака со ист тон.

- Драги соседи, како млади луѓе кои се сакаат драго ни е што ни посакувате добредојде. Но, на нас и не ни е баш драго што цело време ги слушаме вашите деца како урлаат и жените кои викаат на своите мажи. Би сакале кога светот би бил среќно место без насилство и расплакани детски лица и несреќни жени. Само љубов!! (Sorry за водењето љубов.... but no sorry :)), им објасниле со својата порака на „драгите соседи од третиот кат“.

Фотографијата е објавена на страницата Дневна доза просечен Далматинец и веднаш собра повеќе од две илјади лајкови и многу коментари.