Мјузикл на израелскиот театар „Кармелим“ вечер на „Скопско лето“
Во Македонскиот народен театар вечер во рамки на „Скопско лето“ ќе гостува израелскиот театар „Кармелим“ со мјузиклот „Еден вкус од Израел“ во режија и кореографија на Ефи Ашкенази. Групата е основана пред 30 години и е составена од 25 млади изведувачи, на возраст од 15 до 18 години.
Изрелскиот амбасадор во Македонија Дан Оријан денеска на прес-конференција соопшти дека вечерашниот настап на ансамблот „Кармелим“ во Скопје е дел од турнеја низ Македонија. Тие гостуваа во Берово и Штип, а потоа ќе ги посетат и Охрид и Битола.
- Во сите овие места тие настапуваат на фестивали и во места со деца со посебни потреби. Вчера имаа извонредна изведба во СОС Детското село, рече Оријан за гостувањето на „Кармелин“ чии членови на прес-конференцијата ја изведоа музичко-сценската точка „Кога плачеш не си убав“.
Младинската група „Кармелим“ има важна улога во неколку национални едукативни кампањи за справување со проблеми, како наркоманија и младинско насилство. Имаат реализирано и многу турнеи низ светот.
- Турнеите имаат неизмерен ефект врз странската публика, бидејќи некои Израел го знаат само преку вестите, а еврејскиот народ преку Светото писмо. Турнеите имаат оставено долготрајни впечатоци, информирајќи и подобрувајќи го мислењето на општата публика за Израел и Израелците, соопшти „Скопско лето“ во најавата за мјузиклот.
На прес-конференцијата беше прикажан и дел од документарен филм за гостувањето на претставата „Нашиот клас“ на Националниот театар Хабима од Тел Авив на минатогодишното „Охридско лето“. Филмот по сценарио на Пјер Лави и во режија на Дан Оријан е посветен на гостувањето на израелскиот ансамбл во Охрид, посетата на Битола и Скопје. Филмот наскоро ќе биде промовиран во Битола и ќе биде прикажан на Македонската телевизија.
Сценаристот Лави посочи дека секој кој ќе го гледа филмот за гостувањето на театарската група ќе ги разбере емоциите и пораката што ја носи претставата „Нашиот клас“ (по текст на полскиот писател Тадеуш Слобоѓањек) која раскажува за холокаустот на младинци Евреи во окупирана Полска. Покрај за гостувањето на театарот од Израел, документарецот е и сведоштво за нивното дружење, храната и гостопримството на луѓето во Македонија, додаде Лави.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот