Мјанмар пред избори за можна целосна демократска пресвртница
Во Мјанмар денеска и утре е изборен молк, пред гласањето за нови членови на членови на Парламентот, кој има 330 пратеници во Долниот и 168 членови на Горниот дом.
Над 30 милиони гласачи в недела ќе избираат и членови на регионалните управи, а со голема помош и контрола на меѓѓународни тела и организации, меѓу кои и Обединетите Нациии и Европската Унија, треба да бидат отворени околу 50.000 гласачки места.
Во Мјанмар, по 50-годишна воена управа, првите избори се оддржаа во 2010 година, но тогаш опозициската Национална лига за демократија (НЛД), поради ограничувањата во предизборната кампања што ги пропиша воената хунта, ги бојкотираше.
Оваа партија, што ја предводи популарната нобеловка за мир Аунг Сан Су Ќи, според сите анкети и анализи ќе освои повеќе гласови од сега владејачката Унија за солиарност и развој (УСДП).
Дали во Мјанмар НЛД и Аунг Сан ќе формираат влада и ќе го добијат претседателското место, повторно ќе зависи од волјата на армијата. Според сегашниот Устав, во двата парламентарни дома армијата ќе делегира 110, односно 56 пратеници, па на НЛД и е потребна изборна победа со над 75 отсто од гласовите, што е тежок, но и остварлив резултат.
На последниот ден на кампањата, која помина релативно без проблеми, Аун Сан Су Ќи изјави дека таа очекува да ја добие премиерската позиција.
Лидерката на опозицијата нема право да смета и на претседателската функција, бидејки сегашниот Устав не дозволува на тоа место да биде лице чии родители се странци или е во брак со странски државјанин, а Аунг Сан беше во брак со британски државјанин.
Во некои делови на Мјанмар, според изборната комисија, ќе биде тешко да се организираат регуларни избори. Во делови од државата се уште има непродни патишта уништени од големите августовски поплви. Во северните држави Качин, Карен и Шан се уште не е постигна договор за мир со сепаратистичките вооружени групи и движења.
Ново на Сител
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
-
Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица