Мјанмар: Две години затвор за уредник што објавил неточна вест за Ковид-19
Зав Је Хтет, главен уредник на мјанмарската новинска агенција Дае Пјав е осуден на две години затвор, откако се покажа дека веста на агенцијата дека едно лице починало од коронавирус не била точна.
Зав Jе Хтет е уапсен на 13 април, еден ден откако објавил напис во кој се наведува дека е евидентиран еден смртен случај од Ковид-19 во источната држава Карен. Се испостави дека веста не е вистина, пренесува Гардијан.
Адвокатот на новинарот изјави дека тој е осуден според член 505 на две години затвор.
Гардијан забележува дека станува збор за нејасно дефиниран закон, кој често се применува на новинари и активисти поради изјави „кои предизвикуваат страв или тревога“.
Во Мјанмар, потврдени се 199 заразени со новиот коронавирус и шест смртни случаи, но експертите стравуваат дека реалниот број е далеку поголем, бидејќи се тестирани мал број на луѓе.
Ново на Сител
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија
-
Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд