Мизрахи: Ковачевски е премиер на Македонија или портпарол на некоја туѓа влада?
Од циркус во циркус. Ако целта ги оправдува средствата, да видиме која им е целта. Ако целта е за остварување на програмата на владата, она што е во спротивност со член 5 од Законот за влада, тогаш требаше да се распуштат сите министри и Ковачевски самиот себе и да одиме на избори. Но, не ќе да е тоа цел. Ако целта им беа уставните измени, ќе ги задржеа сите, ама не ќе да е ни тоа. Но, доколку целта е 61 пратеник поради дестабилизација во редовите на коалициониот партнер и компензација, тоа веќе има логика, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, на денешната собраниска седница.
Таа истакна дека од Ковачевски не слушнавме образложенија за разрешувањата туку кратко експозе како за на трибина кое никој не го купува.
- Ковачевски како не избран од народот, нема позиција на премиер избран од народот на Македонија, логично е да се запрашаме чив марионетски премиер сте вие. Слушнавме вчера како сте ги молеле пратениците на Алтернатива и кој се праќал абери и замолници. Цитирам кој уште не дојде, и Еди Рама“. Тоа значи дека пред една година Еди Рама учествувал во формирањето на владата. Епа кој учествува сега? Сега станува сомнително дали вие Ковачевски сте премиер на независна и суверена Македонија или портпарол на некоја туѓа влада? Онаа на Албанија или онаа на Бугарија? – прашува таа.
Мизрахи потенцира дека на народот му е преку глава од се што прави оваа влада и прашува дали излегуваат пратениците од власта помеѓу улиците.
- На народот му е преку глава од шарена револуција до докази дека била само за слободно плачкање на народот и државата. Преку глава од СЈО како Нирнбершки процеси, до Катица Јанева во затвор, а парите во Заев. Преку глава од одбрана на марихуана и нарко пазар . преку глава од политички прогон: преку глава од пасоши за нарко босови, кризни состојби за тендери во 4 очи. Од горење на живи луѓе, а одговорност никаде. Кршење на закони, кршење на Устав, злоупотреба на европско знаменце, изјави Мизрахи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Влада: Оперативниот план за вработување за 2025 година зголемен за 7,5 милиони евра
-
Државниот завод за статистика со свечена академија ќе одбележи 80 години постоење
-
Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Украина и Русија денеска во Истанбул на втора рунда преговори за прекин на огнот
-
Томислав Томашевиќ реизбран за градоначалник на Загреб
-
Евростат: 24 проценти од децата во ЕУ се изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост
-
Сончево и топло со температура до 33 степени
-
Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози