Мизо: Расте извозот од зоните, во април рекордни 165 милиони евра
Извозот од индустриските зони бележи континуиран раст. Во првите три месеци извозот на странските компании од зоните изнесува 429 милиони евра и бележи раст од 33 проценти. Во третиот месец, односно март е забележан рекордниот извоз на овие компании од 165 милиони милиони евра, изјави денеска директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо
Истакна дека е зголемено производството од сите компании во ТИРЗ, вклучувајќи ги оние во ТИРЗ Скопје и Штип, како и активностите на КСС во Кичево, ОДВ Електрик во Охрид и Гентерм во Прилеп.
- Во март годинава извозот е рекордни 165 милиони евра, кој е за 20 милиони повеќе од претходниот псотигнат рекорд, рече Мизо во изјава за медиумите.
Додаде дека во јануари извозот од зоните бележи зголемување за 14 отсто, во февруари 36 отсто, додека во март 48 проценти, во однос на тие месеци лани.
- Зголемување на извозот расте и тој тренд ќе подолжи. Планиравме 10 проценти раст, а во првите три месеци од годинава забележавме 33 проценти, посочи Мизо и додаде дека увозот во овие месеци изнесува 310 милиони евра, а извозот 429 милиони и оти тоа значи дека има додадена вредност од 120 милиони евра.
Извозот од зоните во вкупниот извоз во првите два месеца од земјава учествува со над 30 проценти. Од вкупно 633.515 илјади евра, од зоните извозот учествува со 263 милиони евра.
Според објавените податоци од Државниот завод за статистика, вкупниот извоз во првите два месеца бележи раст од 7,2 проценти.
Дирекцијата за ТИРЗ врз основа на зголемениот обем на работа и дополнителни законски ингеренции по трет пат објавува оглас за пополнување четири работни позиции. Дриекторот Мизо вели дека огласот го објавуваат подолг период и оти не можат да најдат соодветни кадри.
Се бараат три лица, градежни инженери и архитекти, кои ќе бидат задолжени за градба, основање и слење на она што значи градење во зоните и една позиција е економист во делот на следење и контрола на целиот процес на државна помош.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период