-->
-->
Митревски: Добро е што победуваме, а не играме најдобро
-->
Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски, е рангиран на високото четврто место на листата „најдобри голмани“ на мрежата на Европското првенство во Хрватска.
Митревски на првите два меча против Словенија и Црна Гора имаше вкупно 12 одбрани од 38 упатени удари кон неговиот гол, што е 38% ефикасност во одбраните. Ваквиот учинок го рангира Митревски на четвртото место.
„Се подготвуваме добро за ова првенство и за првите два дуела. И два се решаваа во последните секунди. Кога се победува на вакви натпревари расте и самодовербата. Знаеме што не чека на дуелот со Германија, но знаеме дека не чекаат уште три тешки натпревари во Вараждин. Добро е што победуваме, а не играме најдобро“, изјави чуварот на голот Митревски.
Пред нашиот голман, се лидерот Микаел Апелгрин од Шведска (30/68, 44%), Јаник Грин од Данска (10/23, 43%) и Чехот, Мартин Галиа (23/56, 41%).
Денеска е слободен дел за македонските ракометари кои се лидери во Ц групата со две победи над Словенија и Црна Гора, па утрешниот меч против европскиот првак Германија ќе решава колку бодови црвено-жолтите ќе пренесат во главната фаза во Вараждин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина
-
Приведен криминалец баран со потерница, се обидел илегално да ја премине границата
-
Приведен 40-годишен маж, возел со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80
-
Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година
-
По 14 денови прекината блокадата на РТС
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија
-
Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови
-
Интерпелацијата на министерот Тошковски денеска пред пратениците