Митрески: Задоволен сум што првиот Указ што го потпишав е за Законот за употреба на македонскиот јазик
Новиот претседател на Собранието Јован Митрески го потпиша Указот за прогласување на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој вчера беше донесен од страна на Собранието.
- Посебно сум задоволен што првиот Указ што го потпишав, како претседател на Собранието, е Указот за прогласување на Законот за употреба на македонскиот јазик. Македонскиот јазик е заштитен како симбол на нашиот идентитет и посебност. Наша обврска е да го негуваме и унапредуваме, но и да го промовираме на домашен и меѓународен план, каде со мудрите политики и одлуки му обезбедивме рамноправно место со јазиците на сите земји членки на Европската Унија, напиша Митрески вчера вечер на Фејсбук.
Новото законско решение, како што наведува, предвидува задолжително лекторирање на сите материјали, но и предвидува обврска за задолжително вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на Владата.
- Го зајакнуваме инспекцискиот надзор, се основа Инспекторат за примена на македонскиот стандарден јазик, но исто така се создава и правна основа за донесување на национална стратегија за македонскиот јазик за период од пет години. Преземаме и конкретни мерки за зголемување на интересот кај младите да го изучуваат македонскиот јазик. Создаваме можности за доделување стипендии за учениците од четврта година средно образование, додипломски студии, магистерски и докторски студии, се вели во објавата на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела
-
Тошковски: Во премногу рана фаза сме за да навлегуваме во детали за истрагата во Судскиот совет
-
ДПИ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
-
Тошковски: Уапсени 4 лица, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија
-
Кривична пријава против дебранец за поседување марихуана
-
Тошковски: Засилени полициски активности пред новогодишните празници
-
ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени