-->
-->
Митрески: Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не успеваат, ребалансот на Буџетот ќе биде усвоен
-->
Блокадата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не успева, бидејќи гледаме дека кај нив нервозата расте, затоа што не успеваат блокадите онака како што ги имале зацртано, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостување во емисијата „Утрински брифинг“.
- Тие успеваат да одолговлекуваат седници, да не закажуваат седници на комисии што е на штета на граѓаните. Целта на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е да ја креваат тензија во Собранието до максимум. Текот на процесите на седниците е успорен, на минатата седница усвојувавме дневен ред два дена, што досега не се случило, но го усвоиме на крајот. Во ваква ситуација, нема време, ниту потреба да се прави театар од Собранието или да враќаме некои слики како од 27 април или 24 декември, порача Митрески.
Митрески најави дека Ребалансот на Буџетот за 2022 година на 13 јуни влегува во матичната собраниска комисија и дека како и досега, тој ќе биде усвоен согласно роковите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
