-->
-->
Митовска: Со предлог законот за јазици се сака да се изманипулира јавноста
-->
Овие денови слушнавме од колегите од СДСМ колку се загрижени по однос на оваа точка. Пратениците од СДСМ се загрижени кога некој ќе им го згреши презимето, а воопштво не се загрижени и засрамени што го повредија Уставот на Република Македонија, истакна на денешната собраниска седница пратеничката Слаѓана Митовска.
-Ова ја покажува нивната самобендисаност и покажува колку истата е поизразена од свеста, совеста кај пратениците од владејачкото мнозинство. Постојано нè обвинуваа дека сме против Албанците. Никој нема ништо против Албанците, сите ние живееме во Република Македонија и сите треба да ги почитуваме државното знаме, државната химна и државниот грб. Ако сакаме да градиме единствено и соживот сите треба да бидеме единствени кога се носат закони кои се за доброто на сите граѓани. Во Република Македонија постои закон за употреба на јазиците, кој може да се доработи. Оваа скратена постапка за предлог-законот покажува дека со него се сака да се изманипулира јавноста и да се донесе набрзина, да се изигра Уставот, вели Митовска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата