Митева: Власта да престане со закани кон пратеници и да се соочи со реалноста дека нивниот крај е неизбежен
Владата на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ е позната по своето недемократско однесување, по својата подмитливост, притисоци и политички хајки. Методите на закани се употребуваат на секое ниво. Прво кон медиумите што го видовме сите на дело пред само неколку дена, а еве деновиве и врз нивните членови кои не се согласуваат со политиките на раководството предводено од Ковачевски. Јасна е нивната цел, сакаат преку ваквите методи по секоја цена да ја задржат моќта и власта, но и да ја покријат корупцијата чиј што лидери се токму тие, СДСМ и ДУИ.
Залудно се трудат да вршат притисок врз било кој пратеник. Тоа е само уште една потврда за недемократските методи со кои се служи на власта. Доколку власта е свесна за своите порази, доколку мисли добро на сите граѓани тогаш без размислување ќе го распушти Собранието или Ковачевски ќе поднесе оставка на целата влада, затоа што тоа е единствениот разумен и логичен исход на ова што ни се случува. Веќе пет години имаме неодржлива ситуација, имаме влада без стабилно мнозинство и влада која дополнително нема легитимитет. Оваа влада нема капацитет да се носи со кризите кои самата ги создаде, а најмалце со политичката криза.
Почитувани,
И ова што го прави власта е само одложување на неславниот крај на Владата кој ќе се случи порано или подоцна, или вистинското прашање не е дали, туку прашањето е кога оваа влада ќе падне.
Во Македонија, политичката криза се продлабочува, се тоа е резултат на погубните политики кои ги водат, криминалот, корупцијата и подредената позиција во власта. Порачуваме власта да престане со притисоци и да се соочи со реалноста дека нивниот крај е неизбежен.
Очигледно дека Социјалдемократскиот сојуз и Ковачевски сфатија дека ја изгубиле поддршката на мнозинството граѓани, но сега гледаат дека немаат поддршка ниту од членството ниту од одредени пратеници на мнозинството. Доаѓа времето на промена на власта и одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-
На ГП „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути
-
Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
-
Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка
-
Бесент: Има напредок во трговските преговори меѓу САД и Кина
-
Блумберг: По средбата со европските лидери, Трамп од Орбан побара укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ
-
Сончево со локална облачност, температура до 35 степени
-
Запленети над 1,5 тони марихуана во голема операција во Белград