Митева: Буџетот за 2024 е расипнички
Буџетот за 2024 година е расипнички и криминален. СДС и ДУИ за 2024 година, како и за претходните години од нивното владеење, проектираат мегаломански буџет, со многу пари за набавки и полнење на џебови.
6 години по ред, од 2018 година до денес СДС и ДУИ гласаат историски најголеми буџети, но 6 години по ред Македонија стагнира, иако власта троши милијарди.
Буџетот за 2024 година е за цели 2 милијарди евра поголем од тој во 2018 година, буџетот годишно расте за 300 до 400 милиони евра, а економијата тапка во место.
Дека Македонија останува далеку зад регионот, кој забрзано ита напред, покажуваат статистиките за раст на БДП по глава на жител. Од 2017 до 2023 година земјите во регионот бележат раст на БДП по глава на жител над 50%, додека Македонија за истиот период бележи раст само од 20%.
Имено, во периодот од 2017 до 2023 Албанија има зголемен БДП по глава на жител за 52%, Србија има раст од 50%, Босна и Херцеговина 42%, кај Бугарија во истиот период има раст од 64%.
Македонија од 5.450 долари БДП по глава на жител во 2017 година за овие 6 години и 25 милијарди евра потрошени буџети, од кои секој го носеше префиксот развоен, едвај стигна на БДП по глава на жител од 6.591 долар на крајот на 2022 година.
Бројките се сурови за СДС и ДУИ, а тие покажуваат дека за време на нивното владеење, Македонија која имала БДП по глава на жител поголем од Босна и Херцеговина и Албанија, сега се наоѓа зад нив. Со СДС и ДУИ, Македонија станува најсиромашна држава не само во Европа, туку и на Балканот.
Што сработи власта за 6 години, освен што потроши 25 милијарди евра?
Како секој буџет од 2018 година до денес според реториката на власта е развоен, а всушност сите од регионот не претркаа, и остварија двојно или тројно поголем раст на БДП по глава на жител од Македонија?
Заклучокот е јасен, ниту буџетите од 2018 до 2023 година беа развојни, ниту овој за 2024 е таков. Сите буџети досега, а најмногу тој за 2024 година се за полнење на џебовите на луѓе блиски до власта додека народот нема лекови, учениците немаат учебници, пензионерите плачат за повисоки пензии, патишта не се градат, нема нови инвестиции.
Единствено нешто кое што се зголемува со оваа власт е долгот, кој од 4.7 милијарди во 2017 година, сега е близу 8.5 милијарди евра.
После вакви бројки и ваков неуспех, единствено нешто кое што останува оваа влада да го направи е да си замине и никогаш да не се повтори.
Изјава на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
