-->
-->
Митев и Мамузиќ нови играчи на МЗТ Скопје
-->

Младинските репрезентативци на Македонија Михајло Митев (19 години, 191 сантиметар) и Ранко Мамузиќ (19, 203) од денеска се нови играчи на шесткрартниот шампион, откако потпишаа договор со важност од три години. Двајцата играчи се дел од репрезентацијата на Македонија до 20 години, која се подготува за настап на Европското првенство – Б дивизија што за неколку денови ќе почне во Романија.
Митев досега настапуваше за екипата на Вардар, додека Мамузиќ неколку сезони беше дел од шпанскиот клуб Баскет Аликанте.
Со овој потег МЗТ Скопје продолжува со интенцијата за ангажирање македонски кошаркари за следната сезона. Во клубот беа вратени: Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, додека под договор се уште и Марко Симоновски, Адем Мекиќ како и Американецот Ксавиер Темс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
