Мистериозни кругови се појавија на дното на морето
Мистериозни кругови на морското дно ги заинтригираа луѓето ширум светот.
Ова сложено дело насликано во песокот, кое водата многу брзо ќе го избрише, сепак е само начин на една риба да привлече женка.
Надуваната риба (латинско име Tetraodontidae) создава облик на морското дно кој најмногу потсетува на кругови во жито.
Талентираниот мажјак со своето ремек-дело сака да привлече женка, а неговиот труд е навистина неверојатен. Некои поради тоа го викаат најголемиот уметник во природата.
Имено, тој мора да работи без одмор 24 часа дневно, седум дена, или неговата креација ќе биде уништена од водената струја.
Кога ќе заврши, тој повторно се прегледува за да ги поправи и најмалите отстапки од она што наумил да го направи. Сега е потребно да наиде онаа вистинската.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште