Балкан
4. October 2015 - 9:12

Мистериозна болест: Ги напаѓа оние кои живеат покрај река

Србите се повеќе страдаат од ендемска нефропатија, болест која се развива кај човекот и до 20 години, бидејќи во првичната фаза не постојат јасни и лесно видливи симптоми.
 
Кога веќе ќе се открие болеста е во напредна фаза, а как орезултат на откажување на бубрезите, пациентите мораат на хемодијализа.
 
Најголемиот фокус на оваа болест е во близината на реките, а освен во Србија се зголемува и во другите републики на поранешна Југославија.
 
- Ендемската нефропатија влијае на жителите покрај Сава, Колубара, Морава и на оние покрај Сува Река во Косово. Главниот симптом е лошата крвна слика. Во подоцнежните фази изразена е омалаксаност, промени во коските и крвните садови, а на крајот настрадува срцето, - изјавил д-р. Ивко Мариќ, директор на бирото за нефропатија.

Ново на Сител