Мистериозен монолит откриен во карпест предел во Јута
Официјални лица за заштита на природата од југоисточна Јута откриле метален монолит поставен во пустинското подрачје на оваа сојузна држава, јави синоќа Њујорк тајмс.
Монолитот е најден во подножјето на кањон во Црвената карпеста земја, пустина составена од црвен карпест терен и ретка вегетација. Официјалните лица не знаат колку длабоко е вкопан во карпите и кога е поставен.
Металниот монолит е тростран, висок околу три и пол метри, и вкопан длабоко во карпестата почва без никакви ознаки зошто е поставен таму и од каде е донесен. Објектот мошне многу потсетува на сличната идеја со сцената на монолитот пронајден од љубопитни но вознемирени примати во филмот „Одисеја во вселената 2001“ на Стенли Кјубрик.
Чуварите го забалежале металниот објект од хеликоптер како визуелна аномалија во карпестиот терен, за време на рутинско надлетување за броење на стадата муфлони, овци од американските Карпести планини.
Се претпоставува дека можеби претставува уметнички објект поставен од анонимни лица.
Ново на Сител
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет