Мистерија: Девојче (15) добило порака на мобилниот, го бакнало братот и се обесило
М.Г. (15) од Бор е пронајдена обесена во својата куќа во близина на селото Злот кај Бор, а пред да се одлучи на тој чекор, примила порака на мобилниот телефон, а потоа го бакнала братот/
Според написите на српски телеграф, тинејџерката во четвртокот вечерта седела и разговарала со братот (син на маќеата) и еден роднина додека родителите и дедото биле отустни.
-Во еден момент и стигнала порака на мобилниот телефон. Таа ја прочитала, а потоа станала, го бакнала братот и роднината и рекла дека ќе оди да го наложи котелот за греење во просторијата зад куќата. Весело истрчала од куќата и ништо не укажували на оваа трагедија, вели извор близок до истрагата.
Дека нешто чудно се случува со девојчето се посомневал таткото Драган.

-Таткото повеќе пати и ѕвонел на ќерката на телефон, но таа не се јавувала. Потоа му се јавил на нејзиниот брат да праша што се случило. Детето рекло дека таа отишла да го заполни котелот и дека уште не се вратила, вели извор.
Несреќното девојче е пронајдено обесено на греда со јаже за врзување сено, а ја пронашол нејзиниот брат. Девојчето не оставило проштално писмо.
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко