Македонија
1. August 2020 - 16:30

Мисовски ќе го замени Џафери на Мечкин Камен за 2. Август, но тврди дека спикерот ќе ја води конситутивната седница

Неколку сценарија вртат низ собраниските кулоари за тоа како би се одвивала конститутивната седница во вторник од која ќе зависат и роковите за формирање на нова Влада, а пред се имајќи го пред вид речиси изедначените резултати во македонскиот и алабанскиот блок на партии.

Седницата беше закажана согласно Уставот од претходниот собраниски спикер Талат Џафери, но тој се уште е на Инфективната клиника каде и покрај тоа што тестовите му се негативни на коронавирус.  Иако утре за чествувањето на Илинден на Мечкин камен ќе го замени досегашниот потпретседател Горан Мисковски,  од кабиентот на Џафери уверуваат дека тој ќе ја води седницата во вторник.

„Претседателот на Собранието Талат Џафери е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување“, велат од неговиот кабиент.

Но, дури и Џафери да не се чувствува добро седницата може да ја продолжи друг од избраните пратеници. Според собранискиот Деловник претседавачот со првата седница назначува двајца од избраните пратеници кои по потреба го заменуваат во претседавањето со седницата.

Веднаш потоа тој треба да предложи и Верифакациона комисија од претседател и 4 членови од пратеници од различни политички партии за верификација на мандатите на народните избраници.

 Она што е предвидено за конститутивната седница е изборот на Комисија за избори и именувања од која ќе зависи и изборот на нов собраниски спикер. Тоа е првата точка на која може да се види дали е веќе договорена соработка за идна Влада. Собраниски извори велат дека ако нема договор седницата може да биде прекината, слично како во 2016 година, но велат дека ни одалеку не е можно повторување на 27 април.

Официјално СДСМ и ДУИ велат дека преговорите ќе има по конститутивната седница и доделувањето на мандатот за формирање на Влада од шефот на државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ кои исто најавуваат преговори за Влада не откриваат со кого разговараат.

„ВМРО-ДПМНЕ е во постојана комуникации со сите политички субјекти во Македонија, тоа не е исклучок ни сега. Во интерес на разговорите во насока на формирање ново владино мнозинство апсолутно нема да откривам детали токму во интерес на успехот на тие разговори“, вели Наум Стоилковски.

На страна се држи и Коалицијата на Алијанса и Алтернатива. Од Левица, чии двајца пратеници можат да бидат клучни за ВМРО-ДПМНЕ, велат дека засега остануваат во опозција, а во никој случај не сакаат да бидат партнери со СДСМ или ДУИ.