Мисовски и Зендели избрани за потпретседатели на Собранието

Собранието на Република Македонија попладнево на продолжението на 22. седница ги избра пратениците Горан Мисовски од НСДП и Фадил Зендели од Беса за потпретседатели на Собранието.
Пратеникот Кастриот Реџепи од движењето Беса рече дека станува збор за двајца пратеници со богато политичко искуство кои во целост можат да ја извршуваат оваа значајна функција.
Претходно во рамки на продолженито на 21. седница без расправа во прво читање поминаа 15 закони.
Во рамки на 20. седница претходно Добрила Кацарска со 61 глас „за“ беше избрана за судија на Уставниот суд.
Во претпладневиот дел од работата, во рамки на 22 седница, пред утврдувањето на дневниот ред пратениците со 61 глас за, без ниту еден воздржан или против, одлучија по скратена постапка да биде разгледан Предлогот за дополнувања на Деловникот на Собранието на Република Македонија, со што треба да се овозможи пратениците кои се во изолација поради позитивен тест на КОВИД-19 или поради контакт со лице со позитивен тест да можат да се вклучат во работа на Парламентот од далечина или онлајн, поднесен претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Тој рече дека сите што имаат забелешки на Предлогот за дополнувања на Деловникот на Собранието, да ги достават и најави дека како предлагач ќе ги разгледа сите забелешки и предлози. Според Џафери, Предлогот, кој е во скратена постапка, по изгласувањето на потребата од носење, треба да помине на Комисија, а потоа пак да се врати на гласање на пленарна седница.
На денешните седници на Собранието не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
