Мислела дека има обичен грип - по некое време забележала нешто страшно, па следел пекол

27- годишната Шелби Смит секогаш зборувала дека води сметка да живее здрав живот. Редовно вежбала и бирала само здрави намирници, а потоа следел пекол за каков не можела ни да сонува.
Кон крајот на 2016 година, Шелби работела како продавачка во еден бутик, но еден ден се разболела. Тоа само по себе било необично, бидејќи, како што вели, со години не ни кивнала.
Во наредните денови следеле треска и температура, но бидејќи немала здравствено осигурување чекала да помине само од себе.
Но, состојбата се влошувала, носот ѝ помодрел, па знаела дека мора да пронајде начин да оди на лекар. Штом се појавила на Ургентниот центар, ја испратиле на операција, бидејќи се испоставило дка сите органи ѝ откажуваат. Само неколку минути да делеле од смртта.
Се испоставило дека нејзиното стрептококно воспаление се претвроило во сепса. Сите прсти на рацете и нозете ѝ биле црни и на крајот останала без нив.
Сето тоа се случило, бидејќи на време не го излечила воспалението на грлото.
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
