Мислав Галер избран за „Маж на годината“ за 2019 година

Мислав Галер е избран за „Маж на годината“, на официјалниот избор на „Мажи на годината“ за 2019 година во организација на првиот онлајн магазин за мажи Friday.mk. На гала вечерта која се одржа вчера во „DoubleTree by Hilton Skopje“, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката и јавниот живот, на вториот избор се наградија 13-те најуспешни Мажи во Македонија за 2019 година.
„Најуспешен маж“ според жири комисијата, која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Мислав Галер, првиот човек на А1 групацијата во Mакедонија кој доаѓа од Хрватска. Тој освен оваа награда ја освои и наградата „Маж странец во Македонија“.
Во категоријата „Менаџер на годината“ за 2019 наградата ја доби Арсим Папранику, сопственик на „Нептун“ и „Skopje East Gate“, наградата „Млад менаџер“ отиде во рацете на Крис Поповски и Ненад Пантовиќ сопственици на македонскиот бренд за изработка на одела „Сињори“, а наградата за „Менаџер на годината“ до 40 години ја понесе генералниот директор и претставник на „Gulf Македонија“ Владимир Стајиќ. „Маж со најголем придонес во културата“ беше избран пејачот Влатко Лозаноски, „Маж со најголем придонес во спортот“ наградата ја доби Елиф Елмас. Во категоријата за „Маж со најдобар стил“ наградата ја доби Енвер Малиќи сопственик на „Гемак“ и „Хотел Парк“, а заменик градоначалникот на СКопје и почесен конзул на Мексико се закити и со наградата за „Маж со трајни вредности“. Наградата за „Маж во избор на социјални медиуми“ отиде кај Стојанче Стоилов, наградата за „Хедонист на годината“ отиде во рацете на Габриел Стибел, додека специјалната награда „Маж во избор на организаторите“ отиде кај Божидар Јанковски.
– Оваа вечер во DoubleTree by Hilton Skopje на една прекрасна гала манифестација, ги славевме успешните, оние кои се кредибилен мотив за општеството, кои вложуваат во својот личен развој и развојот на заедницата. Овој настан не прави многу сме среќни бидејќи успеавме успеавме да направиме настан кој втора година буди огромен интерес во јавноста. На едно место собрани убави луѓе, кои навистина даваат голем придонес во развој на џентлменската култура и генерално во заедницата е нешто кое не се опишува со зборови. Среќни сме што наградите ги добија мажи кои навистина заслужуваат почести. Импресиите се одлични, очекувањата надминати. Изборот на Мажи на годината стана релевантен коректив за сите мажи, стана мотив да вложуваат во себе и општеството, мотив да бидат џентлемни кои ќе негуваат свој сопствен уникатен стил. Се гледаме наредна година повторно, изјавија организаторите од онлајн магазинот Friday.mk.
По официјалниот дел гостите уживаа во добра музика со музички настап на „Мажот со најголем придонес во културата“ Влатко Лозаноски.
Ново на Сител
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
-

МЗ: Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки
