Мисијата КФОР е проширена со војници од Белгија, Луксембург и Холандија
Мисијата КФОР во Косово, предводена од НАТО, денес објави дека и се придружиле и војници од Белгија, Луксембург и Холандија.
Церемонијата на кревање на знамињата на овие три земји се одржа вчера во седиштето на мисијата КФОР, во кампот Филм Сити во Приштина, соопштени мисијата на Фејсбук.
Командантот на КФОР, Енрико Бардуани, кој ја водеше церемонијата, рече дека проширувањето на мисијата сведочи за нејзината непоколеблива посветеност на трајната безбедност низ цело Косово и за регионалната стабилност, како и преку поддршка на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ.
Од почетокот на 2024 година, војници од пет европски членки на НАТО се придружија на мисијата КФОР. Покрај Белгија, Луксембург и Холандија, тоа го сторија и Франција и Португалија во јануари и септември 2024 година.
КФОР во соопштението наведува дека продолжува да придонесува за безбедна средина за сите луѓе и заедници што живеат во Косово, во согласност со својот долгогодишен мандат добиен од ОН, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, во секое време и непристрасно, и во тесна соработка со косовската полиција и мисијата ЕУЛЕКС.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница, се обидел илегално да ја премине границата
-
Приведен 40-годишен маж, возел со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80
-
Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година
-
По 14 денови прекината блокадата на РТС
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија
-
Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови
-
Интерпелацијата на министерот Тошковски денеска пред пратениците
-
Масовниот прекин на струја на Пиринејскиот Полуостров предизвикан од дефект во меѓусекторската врска меѓу Франција и Шпанија