Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп
Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објавија дека телефонски му ја честитале на Доналд Трамп на изборот за претседател на САД.
-Повторно преку телефон му честитав на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. ЕУ и САД споделуваат заеднички вредности и интереси.
Подготвени сме да ги продлабочиме односите ЕУ-САД на сите полиња, објави Мишел на Икс.
Тој во објавата натаму нагласува дека во телефонскиот разговор ги истакнал приоритетите на ЕУ во однос на економијата и геополитичката ситуација, пред се околу Украина и Блискиот Исток.
-Ќе продолжиме да ја правиме Европа посилна и да инвестираме повеќе во нашата одбрана и безбедност, додаде Мишел во објавата.
И Фон дер Лајен на Икс објави дека имала „одличен телефонски повик“ со Трамп и дека му честитала за изборната победа.
-Со нетрпение очекуваме да ги зајакнеме врските ЕУ-САД и да работиме заеднички во справување со геополитичките предизвици. Разговаравме за одбраната и Украина, за трговијата и енергијата.
Заедно можеме да поттикнеме просперитет и стабилност на двете страни од Атлантикот, наведе Фон дер Лајен во објавата.
Мишел и Фон дер Лајен преку објави на Икс му честитаа на Трамп уште во средата претпладне кога стана извесно дека тој победил на претседателските избори во САД.
Ново на Сител
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата